Фото: МИА

ОПМ стана овластено тело за заштита на колективните права на потрошувачите

Ова е можност Организацијата на потрошувачите да ги штити правата на сите потрошувачи, кога тие им се повредени од трговците, односно од давателите на услуги, вклучувајќи и од банките, штедилниците и финансиските друштва

Со решение од Министерството за економија и труд, Организацијата на потрошувачите на Македонија, стана овластено тело за заштита на колективните интереси и правата на потрошувачите. Решението е доделено во јуни годинава, а е во рамки на надлежностите на Законот за заштита на потрошувачите. Овластените тела за заштита на колективните интереси и права на потрошувачите можат во постапка пред надлежен суд или пред органите за надзор на пазарот, покрај барањата утврдени со посебни прописи, да побараат и: итна забрана или престанување, во итна постапка, на која било повреда; објавување на соодветен начин и форма на одлуката, во целост или делумно, како и барање за објавување исправка и/или јавно извинување, а за целите на отстранување на понатамошните последици од повредата, плаќање судски пенали поради евентуално непочитување на одлуката.

-Ова е можност ОПМ да ги штити правата на сите потрошувачи, кога тие им се повредени од трговците, односно од давателите на услуги, вклучувајќи и давателите на финансиските услуги – објаснуваат од ОПМ.

Законот за заштита на потрошувачите во повеќе одредби го уредува начинот на кој се заштитуваат колективните интереси и права на потрошувачите преку овластени тела, особено кога се повредуваат одредбите од одделни делови од овој закон, како на пример во доменот на договорите на далечина и договорите склучени вон деловните простории на трговецот; сообразноста на стоките; трговската гаранција; нечесните до говорни одредби; нечесните трговски практики, и сл.

-Исто така кога се заштитуваат колективни интереси и права на потрошувачите преку овластени тела, се земаат предвид повредите на одредбите од: Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити; Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Законот за туристичката дејност; Законот за облигационите односи; Законот за електронска трговија; Законот за лековите и медицинските средства; Законот за давање на финансиски услуги на далечина и други закони и прописи – додаваат од ОПМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот