Фото: Принтскрин

ОН за утре свика седница на Генералното собрание, а Франција ќе предложи резолуција на СБ

Советот за безбедност на ОН за утре свика вонредна седница на Генералното собрание, на која ќе се разговара за руската инвазија врз Украина, додека западните сојузници ја засилуваат дипломатската кампања за изолација на Москва.

Гласањето на 15-члениот совет денеска беше процедурално, така што Русија не можеше да стави вето. Одлуката за свикување седница на Генералното собрание беше донесена со 11 гласа „за”. Русија гласаше против, додека Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати беа воздржани.

Исто така Франција утре ќе поднесе резолуција во Советот за безбедност на Обединети нации, со која ќе повика на итен прекин на огнот во Украина и гаранции за доставување на хуманитарна помош до цивилите, најави Елисејска палата.

– Франција утре ќе поднесе резолуција во СБ на ОН со цел да се гарантира хуманитарен пристап без ограничувања за да одговори на итните потреби на населението во Украина, се наведува во соопштението од Кабинетот на Емануел Макрон.

Во соопштението се додава дека Париз „ќе побара и прекин на огнот, што мора да претходи на какви било мировни преговори”.

Франција е една од петте постојани членки на СБ на ОН, заедно со САД, Велика Британија, Кина и Русија, додека 10 други земји се ротирачки непостојани членки.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот