Ковид Данска/ Фото EPA-EFE/EMIL HELMS

Омикрон стана доминантна варијанта во Данска

Бројот на заразени со коронавирусот во Данска денеска постави нов рекорд поради појавата на сојот омикрон, кој сега е доминантна варијанта, изјави денеска министерот за здравство Магнус Хунике, пишува Ројтерс.

– Серумскиот институт Стејтенс смета дека омикронот е веќе доминантен и дека бројот на заразени расте – истакна Хунике.

Во изминатите 24 часа во Данска со коронавирусот се заразени рекордни 13.558 лица. Бројот на примени и умрени болници се уште е далеку под нивото од декември минатата година.

Претходно денеска беше објавено дека омикрон ги надмина другите варијанти на коронавирус и сега е доминантна варијанта во Соединетите држави, бидејќи е одговорен за 73 отсто од новозаразените во текот на викендот, соопштија американските здравствени власти.

Ова што се случува во Данска ја чека цела Европа, лошите вести за омикрон допрва доаѓаат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот