Оливер Зафировски седнува на директорската фотелја на пулмологија

Оливер Зафировски е назначен за медицински директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје.

Докторот ја сподели веста на социјалните мрежи.

– Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата, „Козле“ – Скопје, каде работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме во врвна медицинска институција.  Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третман на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем, каде граѓаните ќе се лекуваат по светски стандарди – се наведува во објавата на Зафировски на „Фејсбук“.

Тој го презема директорското место на оваа клиника од доктор Дејан Докиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот