Охриѓанка измамена на оглас за работа во странство, останала без 5 илјади евра

52-годишна охриѓанка пријавила дека останала без заштедата откако претходно била измамена од „посредникот“ кој и ветувал дека ќе и најде работа во странство.

Со лицето исконтактирала откако претходно видела оглас за вработување.

Уште пред да сфати дека станува збор за добро разработена шема ги уплатиле средствата, значителна сума, која од неа лицето ја побарало под изговор дека овие пари наводно се потребни за покривање на трошоци како работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување на подолг период и депозит за стан.

Измамата се случила во септември 2023 година, а откако ги исполнила барањата и ги префрлила бараните средства, жената презела иницијатива да контактира со наводниот хотел во кој и било ветено дека ќе работи.

На нејзино разочарување, таа добива известување дека веб-страницата на хотелот е хакирана.

Оштетената веднаш го пријавила настанот во Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот