Охридските нуркачи извадија цел товар отпад од езерото пред Водици

Една недела пред верскиот празник Богојавление – Водици, нуркачите од Клубот за подводни дејности „Охрид“ и покрај врнежите од снег, вчера реализираа акција за чистење на дното на Охридското Езеро кај градското пристаниште, каде на 19 јануари се одржува традиционалното фаќање на крстот.

Во акцијата за отстранување на опасен отпад од езерото кој може да ја загрози и безбедноста на капачите, денеска учествуваа дваесетина нуркачи. Се чистеше потегот од Езерото кај „колцено“ и пред кејот од „Александрија“ до Капетанијата на пристаништата.

-Од езерското дно извадивме поголемо количество најразличен цврст отпад кој го одложивме на договорена локација на кејот од каде ќе го преземат екипите на ЈП „Охридски комуналец“ – велат од Клубот за подводни дејности „Охрид“.

Нуркачите од Клубот за подводни дејности „Охрид“ ќе бидат задолжени за безбедноста на капачите на празникот Водици. Тие упатија апел до сите кои на празникот ќе решат да се капат во студените езерски води да не консумираат алкохол и да ги почитуваат безбедносните правила.

Во рамки на свеченостите по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, на 19.1.2025 година на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ е предвидена и богата музичка програма.

По церемонијата за фрлање на чесниот крст во водите на Охридско Езеро, за доброто празнично расположение, ќе се погрижат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо, во срце те носиме“.

На 20.1.2025 година, на Денот на рибарите на месноста Сараиште, со почеток во 12 часот, за музичката забава ќе бидат задолжени членовите на Охридскиот музички еснаф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот