фото: Атлетска федерација на Македонија

Огнен Стефановски е новиот македонски рекордер во скок со стап во сала

После новиот национален рекорд во маратон на Дарио Ивановски, Атлетската федерација на Македонија објави нови прекрасни вести од изминатиот натпреварувачки викенд.

Македонија има нов рекордер во скок со стап во сала кој сега изнесува 3,65 во сопственоста на Огнен Стефановски.

Стефановски со само неколку месеци тренинг во една од неговите нови дисциплини успеа да го собори еден од најстарите национални рекорди кој датира уште од далечната 1969 година.

Потсетување дека Стефановски беше прогласен за најдобар младинец во 2023 година.

Воедно лани постави нов национален рекорди за младици на 400 метри (48,85 секунди), претходниот рекорд (49,13) беше стар дури 43 години и беше во сопственост на Сокол Сачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот