EPA-EFE/JOSE COELHO

Официјално: Фантастична замена за Годин во Атлетико

Станува збор за бразилскиот дефанзивец Фелипе кој доаѓа во редовите на Атлетико Мадрид во трансфер вреден 20 милиони евра и со потпишан договор на три години.

Вкупно три сезони го носеше дресот на Порто со одиграни 142 натпревари, стрелец на 11 голови, што е секако одличен учинок за еден дефанзивец.

Овој фудбалер доаѓа како замена за Диего Годин кој ќе го напушти клубот од „Ванда Метрополитано“ по завршувањето на сезоната.

Како што најавуваат од Атлетико, новиот централен бек ќе им се придружи на своите нови соиграчи од 4 јули.

Од претходно се најавува „чистка“ во редовите на Атлетико Мадрид, а главна тема до сега беше француската ѕвезда Антоан Гризман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот