Фото: KSS

Официјално: Србија избра млад стратег за наследник на Пешиќ

Српската кошаркарска репрезентација доби нов селектор, Душан Алимпијевиќ е именуван за наследник на Светислав Пешиќ на кого не му беше продолжен договорот по неуспехот на Евробаскетот.

Алимпијевиќ, кој потпиша договор на три години, важи за млад и амбициозен стратег со солидно меѓународно искуство. Во своето досегашно тренерско портфолио собра искуство во Еврокупот и Евролигата, а во 2022 година беше прогласен за тренер на годината во Еврокупот.

Во моментов го води турскиот гигант Бешикташ, а првите предизвици на селекторската позиција ќе ги има во ноември. Србија тогаш ги започнува квалификациите за Светското првенство во 2027 година, каде што ќе се натпреварува во група со Турција, Босна и Херцеговина и Швајцарија.

Дебито на Алимпијевиќ на селекторската позиција е закажано за 27 ноември против Швајцарија, а три дена подоцна го очекува пресметка со БиХ.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот