Фото: EPA-EFE/RAMSAY DE GIVE / POOL

Официјално, случајот е затворен: На Алек Болдвин нема да му се суди за убиството на сетот за филмот „’Рѓа“

Судењето на актерот Алек Болдвин кој беше обвинет за фаталното пукање поради кое почина снимателката Халина Хачинс на снимањето на филмот „’Рѓа“ во 2021 година, заврши во понеделникот, при што обвинителот официјално ја повлече жалбата за отфрлање на случајот.

Болдвин е ослободен

Ова лето Болдвин беше ослободен од обвиненијата за убиство од небрежност. Судијката Мери Марлоу Сомер го отфрли обвинението во јули, велејќи дека обвинителите и полицијата не успеале да го докажат потеклото на куршумот што ја убил Хачинс. Хана Гутиерез, одговорната за оружјето на сетот, е осудена на 18 месеци затвор поради погрешно поставување на вистинскиот куршум, кој Болдвин го користел за време на снимањето.

Актерот не сака да ја види финалната верзија на филмот

„Не сум ја гледал финалната верзија на филмот и не планирам. Но, се надевам дека ќе биде објавен, дека парите ќе им бидат вратени на инвеститорите. Никогаш не сакате луѓето кои веруваа во вашиот проект да бидат оставени на цедило. Се надевам дека филмот ќе биде добар и дека Мет ќе ги добие своите пари, направивме договор со него и се надеваме дека ќе биде испочитуван. Луѓето кои велат дека ние профитираме од филмот мора да знаат дека тоа е апсурдно и погрешно“, изјави актерот.

Болдвин истакна колку е тешка целата ситуација за него и неговото семејство.

„Ова е очигледно најтешкото нешто со кое сум се соочил во мојот живот. Освен самите жртви, најмногу ме боли тоа што и беше направено на мојата сопруга. Се обидуваме да се поддржуваме еден со друг и да ги победиме овие работи бидејќи филмот засекогаш ќе остане во сенка на она што се случи“, рече тој.

Алек Болдвин побара од судот да ги отфрли обвиненијата против него за убиството на Халина Хачинс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот