Граничен премин Табановце / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Официјално пуштен во употреба „Оне стоп“ системот на Табановце

На граничниот премин Табановце денеска официјално беше пуштен во употреба „Оne stop“ системот за преминување граница помеѓу Македонија и Србија со кој е предвидено да се намали чекањето на патниците. На церемонијата присуствуваа министрите за внатрешни работи на двете држави, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ кои го истакнаа своето задоволство за имплементацијата на овој систем на Табановце.

„Откако констатиравме дека поради зголемиот интерес и работа, особено за празниците, на границата се создаваат огромни гужви, одлучивме дека на овој граничен премин ќе има само една контрола, на местото на влез во државата од двете страни за да нема непотребно задржување на патниците за излез од државата, секако доколку се потврди дека ги исполнуваат условите и имаат соодветни документи“, изјави министерот Дачиќ.

Министерот Тошковски истакна дека е оптимист и очекува со „One stop“ системот да се намали летниот метеж и да се забрза преминувањето на патниците преку границата.

„Драго ми е што на почетокот на летанта сезона вметнуваме воведуваме еден поинаковсистем за гранична контрола за побрз проток на граѓани и ќе овозможи помалку чекање со подобрени услови во надлежностите на Министерството. Денеска официјално започнуваме со користење употребата на One stop системот и сигурен сум дека ќе се намали временескиот период на чекање и ќе се забрза трансферот на патници“, рече Тошковски.

Тој исто така информираше дека е потпишан и протокол за размена за полициски службеници во рамки на летните сезони за заедничка соработка на границите помеѓу македонската и српската полиција и дека е потпишан договор за меѓусебна поддршка и помош при било каква кризна состојба во двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот