
Официјално: Левиот бек Стевановиќ од Мешков во Еурофарм Пелистер
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од денеска нов играч на битолската екипа е српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ. Се работи за 26-годишен лев бек, кој од белорускиот шампион Мешков Брест.
Препорачано
Стевановиќ е роден во Лазаревац, блесна во Партизан, настапуваше во Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар и неполна сезона во Белорусија.
Високиот Стевановиќ (196 см) запиша и пет настапи за српската репрезентација. Доаѓа во редовите на македонскиот вицешампион на обострано задоволство, по кое е потпишан договор заклучно со јуни 2024 година.
Ракометарот веднаш ќе ги започне индивидуалните тренинзи, со оглед на тоа што екипата е веќе во Берлин на натпреварот против Фуксе Берлин во ЕХФ Лига Европа, а од четврток ќе се приклучи кон групата.
Неговото официјално претставување пред медиумите е предвидено кон крајот на неделата. Дебито на Стевановиќ ќе биде дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер следниот викенд.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
43мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5