Фото: SSC Napoli

Официјално: Конте нов тренер на Наполи

Oд редовите на Наполи денеска и официјално го потврдија ангажманот на Антонио Конте кој ќе го води тимот во наредната сезона.

Со Наполи Конте потпиша договор до 2027 година и ќе се обиде да го врати овој тим во врвот на италијанскиот фудбал. Клубот од Неапол имаше очајна сезона во која не успеа да се избори ниту за излез во европските натпреварувања.

„Наполи е место со големо значење. Среќен сум и возбуден што ќе работам тука. Тоа што можам да го ветам е дека ќе дадам се од себе за напредок на тимот“, изјави Конте.

Наполи во сезоната во која ја бранеше титулата во Серија А смени три стратези (Руди Гарсија Валтер Мацари, Франческо Калцона) и резултатите беа под очекувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот