фото: EPA-EFE/Andy Rain

Официјално: Грем Потер е новиот тренер на Вест хем

Уште пред официјално да биде раскинат договорот на Хулен Лопетеги, беше речиси сигурно дека Грем Потер ќе стане нов тренер на англискиот фудбалски клуб Вест хем, а сега таа информација стана и официјална.

Поранешниот тренер на Челси го презеде кормилото на клубот од стадионот во Лондон и тој ќе се обиде да ги врати „чеканите“ на вистинскиот пат.

– Среќен сум што се приклучив на еден таков голем клуб како Вест хем, кој има толку богата традиција и армија навивачи, не само во Англија, туку и ширум светот. За време на моите разговори со раководството на клубот, сфатив дека споделуваме исти вредности и имаме иста визија. Затоа решив да ја прифатам понудата. Долго ја чекав вистинската можност да се вратам на тренерската работа и сигурен сум дека ова е вистинската – изјави Потер.

Заедно со шпанскиот стручњак клубот го напуштија и сите негови помошници, што значи дека Потер во Лондон ќе донесе комплетно нов стручен штаб.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на клубот, новиот тренер потпиша две и пол годишен договор, а на клупата на поранешниот шампион на Конференциската лига ќе дебитира в петок на натпреварот од ФА Купот против Астон Вила во Бирмингем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот