Робин Госенс кариерата ја продолжува во Интер/ фото: Inter.it

Официјално: Госенс е нов фудбалер на Интер

Актуелниот шампион во Серија А и актуелен лидер на табелата сезонава, Интер вечерва го промовираше засилувањето од Аталанта, Робин Госенс.
Германскиот репрезентативец денеска ги помина лекарските прегледи по што со „неразурите“  потпиша петгодишен договор.

Според договорот меѓу двата тима, Госенс првите 18 месеци ќе ги помине на позајмица, а потоа Интер ќе мора да плати помеѓу 25 и 27 милиони евра отштета. Не е исклучено со евентуални бонуси, сумата да дојде и до 30 милиони евра.

Интер работата со Госенс ја заврши експресно, за 48 часа поради интересот на Њукасл кој на Аталанта и понуди поголемо обесштетување, но на крајот пресуди желбата на самиот фудбалер.
– Зошто Интер? Бидејќи Интер едноставно е Интер – изјави агентот на Госенс за италијанските медиуми.


Дефанзивецот моментно е повреден, не игра уште од крајот на септември поради проблеми со тетивата на ногата, а кам-бекот на терените се очекува идниот месец.

Госенс не би требало да биде последното засилување за Интер во зимскиот преоден рок, бидејќи е пред договор со Џенова за трансферот на Фелипе Каиседо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот