Марио Геце/фото: EPA-EFE/John Claessens

Официјално: Геце се врати во Бундеслигата и потпиша за Ајнтрахт

Поранешниот германски репрезентативец Марио Геце (30) и официјално е новиот фудбалер на Ајнтрахт од Франкфурт кој е актуелен победник во Лигата на Европа.

Геце потпиша договор до 2025 година, а во изминатите две години настапуваше за ПСВ Ајндховен за кого одигра 77 натпревари, постигна 17 голови и забележа 18 асистенции.

– Навистина сум среќен што потпишав за Ајнтрахт Франкфурт. Овој клуб доживеа несекојдневен подем и тргна на возбудливо и амбициозно патување на кое и јас ќе бидам дел. Разговорите со спортскиот директор Маркус Краше и тренерот Оливер Гласнер покажаа дека ги имаме и ги следиме истите цели и идеи. Овој клуб има одлична основа, од стадион преку навивачи до самиот град, се ми одговара. Со нетрпение очекувам да се вратам во Бундеслигата. Освен тоа, имаме можност да играме и во Лигата на шампионите – изјави Геце по потпишувањето на договорот.

Поранешниот германски репрезентативец претходно има настапувано за Борусија Дортмунд и Баерн Минхен кои кои освои пет титули во Бундеслигата, четири во германскиот Куп и по еднаш Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!