
„Официјално е“: Жерар Пике ужива со новата девојка, се појавија фотографии на Твитер
На „Твитер“ изминатата недела се појавија фотографии од фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка, студентката Клара Чиа Марти.
Препорачано
Тие неодамна беа видени како пристигнуваат на венчавка во Шпанија, насмеани и држејќи се за рака.
#ClaraChiaMarti & #GerardPique attending a friend’s wedding in Costa Brava. #FCBarcelona pic.twitter.com/lFQPCgGGD3
— It’s a Wag Wag World (@ItsAWagWagWorld) August 25, 2022
Клара е првата девојка со која Пике е виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира со која има два сина.
View this post on Instagram
Наводно, атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона.
View this post on Instagram
Според „The Sun“, Клара работи за филмската и ТВ продукциската куќа на Пике „Kosmos“ и нејзината задача е да ги надгледува специјалните настани.
Клара на својот инстаграм-профил објавува атрактивни фотографии и често позира во долна облека, но и топлес.
ФОТО | Има 23 години и споделува разголени фотографии на Инстаграм: Која е новата девојка на Пике?
Наводно, Шакира не е среќна што Пике се појавил во јавност со Клара, пишува „Daily Mail“. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека фудбалерот и пејачката имале договор да не се појавуваат во јавноста со нови партнери во првата година од разделбата. Но, очигледно Жерар не го исполнил своето ветување.
Многумина на социјалните мрежи веднаш почнаа да коментираат дека е повеќе од очигледна физичката сличност помеѓу Шакира и Клара.