
Официјално: Брозовиќ потпиша нов договор со Интер
Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ потпиша нов договор со Интер, денеска потврди миланскиот клуб. Искусниот играч за врска ќе го носи дресот на Интер до 30 јуни 2026 година.
Препорачано
Според италијанските медиуми тој ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона, со бонуси. Со оглед на тоа што претходниот договор му истекуваше ова лето, се шпекулираше дека може да го промени клубот.
– Среќен сум што потпишав нов договор, бидејќи навистина сакав да останам и клубот го знаеше тоа.
Не сакав ни да разговарам со други клубови, од почит кон Интер и неговите навивачи. Им реков на моите агенти да не преговараат со никого додека Интер не каже дека нема да добијам нов договор – рече Брозовиќ.
Хрватот со миланските „нераѕури“ успеа по еднаш да ги освои Серија А и Суперкупот на Италија, а беше финалист во Лига Европа во сезоната 2019/2020.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
40мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5