Виртуелна средба САД и Кина
Виртуелна средба САД-Кина/ Фото EPA-EFE/SARAH SILBIGER / POOL

Одржан виртуелниот самит на САД и Кина

Претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг одржаа долгоочекуван виртуелен самит.

Американскиот претседател ја нагласи потребата од заштитни мерки за да се избегне конфликт меѓу двете земји, додека Си Џинпинг се залагаше за подобра комуникација, пренесе утрово Ројтерс.

Бајден рече дека конкуренцијата меѓу двете земји не треба да ескалира во конфликт, а самитот се одржа во услови на спор меѓу Вашингтон и Пекинг за состојбата во Тајван, но и за трговијата и прашањата за човековите права.

„Кина и САД треба да ја подобрат комуникацијата и соработката“, рече Кси, додавајќи дека е „среќен“ што се сретнал со „стар пријател“ за прв пат преку видео врска, бидејќи претходните разговори биле телефонски.

Средбата започна во 19.45 часот по Вашингтон (00.45 часот по средноевропско време).

Белата куќа соопшти дека очекувањата од средбата не се големи и дека тие не треба да доведат до конкретни резултати.

Кинеската дипломатија во понеделникот објави дека Кси и Бајден ќе имаат „чесна, длабока и сеопфатна размена на мислења“ за билатералните односи, кои се на „критичен крстопат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!