
Одрони на патот Скопје-Велес, на Стража забранет сообраќај за тешки товарни возила
Поради обилните врнежи од дожд а на повисоките места снег, забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Гостивар- Маврово-Стража-Кичево. Внимателно движење и на автопатот Скопје-Велес, кај Катланово, препорачуваат од ЦУК, заради одрони.
Препорачано
ЦУК информира дека од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека поради обилни врнежи од снег патниот правец Гостивар- Маврово-Стража-Кичево од 12:40 часот е во прекин за тешки товарни возила.
Регионалниот ЦУК – Скопје, известува дека треба да се вози внимателно на патниот правец Скопје-Велес, бидејќи добиле пријава од граѓани за одрони долж клисурата на патниот правец Скопје-Велес почнувајќи од с.Катланово. За настанатата состојба известени се јавните претпријатија за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта кои известија дека ќе пратат камион за расчистување на одроните.
Поради остатоци од кашест снег на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) преминот „Блато“ кај Дебар до Тирана, албанската полиција препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
43мин
-
55мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5