Фото: ИХФ

Oдредени судиите за ракометниот Куп на Македонија

Денес ракометната федерација на Македонија ги одреди судиите за претстојниот завршен турнир во Купот на Македонија кој од утре до сабота ќе се одржува во Охрид.

Очекувано, помеѓу судиите е и нашата најдобра судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Сепак, Начевски и Николов нема да го судат финалето, меѓутоа ќе делат правда на дербито помеѓу Алкалоид и Вардар.

Првото полуфинале во кое ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и Пролет ќе го судат Благојче Тодоровски и Димитар Митревски.

Задолжени за финалето в сабота од 18:00 часот Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Финалето во женска конкуренција што ќе се одигра в сабота од 15 часот, ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.

Полуфиналниот натпревар помеѓу Металург и Куманово им припадна на Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Лејла Јашар и Михаела Капсарева ќе судат на второто полуфинале помеѓу Вардар и Ѓорче Петров.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

11. мај

17:30 Еурофарм Пелистер – Пролет

20:00 Алкалоид – Вардар

12. мај

17:30 Металург – Куманово

20:00 Вардар – Ѓорче Петров

13. мај

15:00 финале жени

18:00 финале мажи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот