
Одмор од соништата во хотелите на турскиот бисер – Анталија
Турција позната по својот шарм, природен раскош, еснафство, гостопримливост, секоја година привлекува милиони туристи од целиот свет, поради што и во 2025 година се најде меѓу 10-те најпосетени земји во светот.
Препорачано

Позната како омилената летна дестинација на Македонците, Турција нуди луксузни летувалишта опкружени со раскошни планински пејзажи што се издигнуваат над кристално чистото море, хотели од највисок ранг, гастрономија по која е надалеку позната, квалитетна услуга.
Особено се истакнува Анталија, позната по своите луксузни хотели, одлични ресторани, барови и богат ноќен живот, што ја прави совршен избор за сите видови патници. Меѓу најпопуларните дестинации во регионот на Анталија, се издвојуваат Анталија, Аланија, Кемер, Белек и Сиде, секоја со свои уникатни плажи и погодности. Без разлика дали барате хотели „сè вклучено“ (all inclusive) во Анталија за семеен одмор или за романтично патување, регионот нуди совршен пакет за вашиот одмор. Летувањето во Анталија ви гарантира уживање во секоја поглед, спој на сонце, море, прекрасни хотели, врвна храна, содржини и активности за целото семејство. Со повеќе од 10 милиони туристи годишно, Анталија претставува еден од петте најпосетувани градови во светот.
Нашата екипа беше дел од инфо-турата на туристичката агенција „Фибула“ во Анталија, во посета на најдобрите хотели на ова крајбрежје.
Еден од хотелите што оставаат впечаток е раскошниот „Selectum Family Resort Side“, кој се наоѓа во Кизилач на 13 км од Манавгат и 75 км од аеродромот во Анталија. Може да се пофали со 1.030 соби во главна зграда, Lake Houses и Comfort зона и со капацитет за 4.000 гости.

Овој хотел се истакнува со своите типови соби специјално дизајнирани за семејства со деца, има шарени детали во секоја соба. Покрај тоа, собите во т. н. „Езерски куќи“ (Lake Houses) опкружени со базени нудат магичен простор за удобност во природа.
Нема да ви биде доста ниту од неограниченото гастрономско искуство и вкусови што ги нуди „Selectum Family Resort Side“. Просторните ресторани и отворените бифеа за деца го претвораат вашиот одмор во гастрономско патување.
„Selectum Family Resort Side“ поседува и фантастичен детски мини клуб, каде што најмалите можат да уживаат во игри и активности под надзор на грижливите аниматори. Тука е и детскиот аква парк со детски базен, кое е магично место за водни авантури.
Уште еден хотел кој ќе ги задоволи сите ваши сетила е „Asteria Bloom Side“, кој се наоѓа во областа Кизилагач на 10 км од Манавгат и 90 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е реновиран во 2023 година, со вкупно 265 модерни соби во една главна зграда – од стандардни соби, делукс соби (за меден месец), премиум соби и кралски апартмани…
Хотелската плажа е на само 100 метри оддалеченост, со каменчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.
Хотелот поседува главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани (турски, италијански, далечен исток, рибен), барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб.
„Asteria Bloom Side“ нуди и отворени и затворени базени за возрасни, фитнес центар, турска бања, сауна, како и разни активности – одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика…

Хотелот „Well Palace Side“ се наоѓа во регионот Евренсеки, на 6 км од Сиде и 50 км од аеродромот во Анталија. Со атрактивна архитектува, хотелоте располага со Вкупно 315 соби распоредени во пет блока, со капацитет за 800 гости. Таканаречените Swim up rooms имаат директен пристап до базенот.
Модерните и удобно дизајнирани соби, простори за храна и пијалаци каде што можете здраво да јадете со концептот „ултра ол инклузив“ (Ultra All Inclusive) ве чекаат вас и вашето семејство… Хотелот нуди бесплатен шатл-превоз во текот на целиот ден во нивниот објект, кој е оддалечен 400 метри од приватната песочна плажа. Тука се и баровите низ хотелскиот комплекс, снек бар на плажа, диско клуб за ноќни забави… Интересно во понудата на овој хотел е тоа што додека мајките можат да се забавуваат со јога на вода, за децата има детско диско.

Хотелот „Siam Elegance Hotel“ се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на градот. Хотелоте има 515 соби во три поврзани згради. Располага со аква парк со водни тобогани, спа центар со турска бања и 8 ресторани. Со концепт „сè вклучено плус“, бескрајното синило на Медитеранот и неговата песочна плажа, разните спортски содржини, нуди незаборавно искуство и изобилство можности за сите членови на семејството.
Хотелот „Selectum Family Resort Belek“ може да се пофали со соби дизајнирани специјално за семејства, за да доживеете незаборавно искуство од одморот со вашите деца. Со нивниот аквапарк, главен базен, специјално дизајниран базен за семејства, специјални базени за деца, забавни водни површини, затворени базени и шармантна плажа, нудат неограничена забава и уживање за членовите на семејството од сите возрасти. „Selectum Family Resort Belek“ нуди и часови по голф. Широкиот спектар на објектот е полн со активности што одговараат на желбите и потребите на секого.
Хотелот „Asteria Family Belek“ е вистинска оаза на мирот, вгнезден во неверојатно зеленило. Располага со вкупно 722 соби во главна зграда, Hills згради (одвоени од главната зграда на двете страни на хотелот) и Nature дел (двоспратни бунгалови околу хотелската градина).
Покрај главниот ресторан со шведска маса, тука се и À la Carte ресторани: À la Turca (турски), Luigis (италијански), Zest (морска храна), а барови има околу целиот хотелски комплекс.
Хотелот е pet friendly, што е реткост за хотелите во Турција, а покрај другите содржини и активности, има и 7 тениски терени. Интересно е тоа што самиот хотел поседува и сопствена градина каде се одгледуваат разни билки и зеленчук. Директно од градината во богатото мени на рестораните.

Хотелот „Selectum Noa Belek“ е реновиран во 2025 година. Без разлика дали станува збор за романтично бегство за двајца или семеен одмор – внимателно дизајнираните соби се опремени за да ги задоволат сите ваши потреби и да создадат незаборавни моменти. Со воден парк, главен базен, специјални детски базени, забавни водни површини, затворени базени и шармантната плажа, нудиме бескрајна забава за членовите на семејството од сите возрасти.
Луксузниот хотел „Selectum Luxury“, сместен на плажата Белек во Анталија, нуди пространи соби со балкони и приватни џакузи. Содржи вкупно 320 соби во главна зграда и 100 соби во фамилијарни клуб соби.
„Selectum Luxury Resort“ има отворен базен со поглед на плажата во Белек. Хотелот вклучува 12 тениски терени и 1 мало фудбалско игралиште. Гостите можат да се релаксираат во спа-центарот до затворениот базен. Десет терени за голф се наоѓаат на 5 км од хотелот. Персоналот на хотелот може да ви помогне да организирате превоз.
„Selectum Luxury Resort“ е комбинација на хедонизам и луксуз истовремено со одмор со приватност и удобност.

Едно е сигурно, за кој хотел и да се одлучите, нема да погрешите, ќе го добиете токму она што го замислувате како одмор од соништата.
(Комерцијален текст)