Израелски напад врз Катар фото: Printskrin IKS

Одлуката за напад врз Катар беше исклучиво на Нетанјаху, изјави Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека одлуката на Израел да го нападне Катар е донесена исклучиво од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Едностраното бомбардирање на Катар, суверена држава и близок сојузник на Соединетите Американски Држави, која работи напорно и храбро презема ризици со нас за да посредува во мирот, не ги унапредува целите ниту на Израел ниту на Америка“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth.

Сепак, елиминирањето на Хамас, „кој профитираше од страдањето на народот во Газа“, е достојна цел, додаде Трамп.

„Веднаш му наложив на специјалниот пратеник Стив Виткоф да го информира Катар за претстојниот напад, што тој го направи, но за жал, предоцна за да се запре нападот“, рече Трамп.

Трамп и Нетанјаху во Белата куќа / април 2025 г. / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Тој изјави дека го смета Катар за силен сојузник и пријател на САД и дека многу му е жал за локацијата што беше нападната.

„Сакам сите заложници, како и телата на загинатите, да бидат ослободени и оваа војна да заврши веднаш“, рече Трамп.

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека тој го наредил нападот врз Катар по терористичкиот напад во Ерусалим во понеделник, за кој одговорност презеде палестинската милитантна група Хамас.

Хамас потврди дека петмина негови членови биле убиени во израелскиот напад врз Доха, но тврди дека Израел „не успеал во обидот за атентат врз преговарачкиот тим“ на групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот