Одлична вест за Вардар: Главниот спонзор останува во клубот!

Екипата на Вардар доби убава вест пред стартот на новата сезона, откако компанијата „Новоматик“ официјално потврди дека ќе продолжи како генерален спонзор и во наредната натпреварувачка година.

Австриската компанија стана дел од вардаровото семејство пред една година, а според договорот за првата сезона, инвестицијата изнесуваше околу еден милион евра, средства кои одиграа клучна улога во финансиската стабилизација на клубот.

Минатата сезона Вардар успеа да ја врати позитивната атмосфера, не само што ги среди дел од своите обврски, туку и триумфираше во Купот на Македонија, што му обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Првиот чекор на европската сцена ќе биде дуелот со Ла Фиорита од Сан Марино, натпреварот е закажан за четврток, 10 јули, додека реваншот ќе се игра седум дена подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот