Фото: myViewPoint Alamy Alamy Profimedia

Одличен летен рецепт: Брза пита од тиквички и сирење без кори која ќе ве воодушеви

Сезонско, убаво и – малку поинакво. Добрата стара пита во овој рецепт ја задржала својата форма, но состојките и филот не се толку вообичаени за оваа класика на балканската кујна. Всушност, никој што ги растегнува корите за пита не би го нарекол ова јадење пита, но вкусот и аромата на овој деликатес се уникатни!

Брзата пита со тиквички и сирење без кори е одличен одговор за спарните денови и вечери и метежот во текот на работната недела. Можете да го послужите како предјадење, прилог или главно јадење.

Состојки:

– 2 мали тиквички, рендани
– 300 грама рикота сирење
– 100 грама посно сирење
– 1 шолја брашно
– 2 јајца
– 2 чешниња лук, сечкани
– 1 црвен кромид, сечкан
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажичка прашок за печиво
– црн пипер
– сол
– 2 лажици магдонос, свежо сечкан

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Откако ќе ги изрендате тиквичките, оставете ги да отстојат околу 15 минути за да се исцеди вишокот вода.
На загреано маслиново масло пропржете го кромидот и лукот неколку минути.
Во сад измешајте ги сите состојки.
Садот за печење премачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење, па во него рамномерно распоредете ја смесата.
Печете околу 30-40 минути и проверете со чепкалка дали е печено.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!