Фото: МИА

Оддадена почит пред споменикот на загинатите бранители кај Карпалак

Надворешниот соработник за одбрана на премиерот Зоран Заев, Драган Василевски, по повод 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак во воениот конфликт во 2001 година, денеска положи венец на споменикот на загинатите бранители кај месноста Карпалак.

Како што соопшти владината прес-служба, Василевски беше дел и од владината делегација предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која оддаде почит и положи венци цвеќе пред комплексот „Карпалак” во центарот на Прилеп, каде се одржа централното одбележување на две децении од загинувањето на прилепските бранители и каде оддадоа почит и положија цвеќе бројни делегации, бранители и претставници на дипломатскиот кор.

На 8 август 2001 година на автопатот Скопје-Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата, при што загинаа десет армиски припадници – Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и Прилепско.

Во нивна чест беше одржана и панихида во цркавата „Света Петка” во населбата Точила во Прилеп.

Чествувањето на споменот и одбележувањето на 20 години од смртта на армиските резервисти пред две децении во Прилеп започна вчера со положување свежо цвеќе на споменикот во прилепската касарна „Мирче Ацев” и на споменикот во село Лениште, како и со вечерна богослужба  во манастирот „Света Петка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот