фото: vfmkd.org.mk

Одбојкарките на Наковски Волеј по вторпат сезонава го совладаа Работнички Скопје

На отворањето на пролетниот дел од сезоната шампионот Работнички Скопје го запиша вториот пораз во Првата женска одбојкарска лига и тоа повторно од Наковски Волеј, и повторно на свој терен, откако вечерва во „Борис Трајковски“ загуби со 0:3 (20:25, 18:25, 18:25).

Се чини дека малата сала во „Борис Трајковски“ им одговара на струмичанки кои во средината на ноември минатата година исто така се радуваа на гостинска победа со 3:1 и засега се единствените кои може да се пофалат дека нашле решение за играта на бранителот на титулата.

Ривалите понудија добар меч, со голема борба, но во клучните моменти од сетовите Наковски Волеј делуваше како подисциплинирано и поконкретно во играта и во поле и на мрежа.

На натпреварите од втората фаза – 2 Вардар ЕМ со 3:0 ја победи Ускана Волеј, додека Струмица жени со 3:1 се радуваа против Младост УГД.

Првото коло ќе биде комплетирано в понеделник кога играат Јанта Волеј КВ и Фит Фан Волеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот