Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Одбојкарите најверојатно ги чекаат ривалите на Европското првенство 2026 од четвртиот шешир

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија е дел од 24 учесници на 34. издание на Европското првенство, кое од 9 до 27 септември 2026 година ќе се игра во Италија, Финска, Бугарија и Романија. Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) испрати детални информации за ждрепката за групите за ЕвроВолеј 2026, која на 4 октомври ќе се одржи во Бари, Италија.

Организаторите – Италија, Бугарија, Финска и Романија обезбедија директен пласман на ЕП 2026. Полска, Словенија, Франција, Холандија, Србија, Украина, Германија и Португалија се селекциите кои според пласманот на претходното ЕП 2023 имаа обезбеден билет за претстојниот континентален собир. Селекциите на Данска, Белгија, Чешка, Естонија, Швајцарија, Грција и Словачка како првопласирани во групите во квалификациите се најдоа на ЕвроВолеј 2026, додека Македонија заедно со Летонија, Турција, Израел и Шведска како најдобропласирани второрангирани репрезентации во турнирските квалификации се најдоа на ЕП 2026.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ждрепката во Бари ќе биде полудиригирана, односно четирите земји домаќини ќе бидат сместени во по една од четирите групи, како нивни носители. Италија е носител во групата А, а натпреварите ќе ги игра во четири италијански градови Наполи, Модена, Торино и Милано. Бугарија ќе биде носител на групата Б во Варна, Финска во Тампере ќе ги пречека противниците во групата Ц, додека Романија во групата Д натпреварите ќе ги игра во Клуж.

Непосредно пред почетокот на ждрепката во Бари, секој од домаќините ќе има за право да си избере по еден противник во групната фаза.

Откако и тој процес ќе биде завршен, ќе се формираат четири шешири со по четири екипи според ЦЕВ рангирањето на земјите кој е „заклучен“ на 18 август, односно по комплетирањето на квалификацискиот циклус за ЕП 2026. Според пропозициите актуелниот европски првак Полска и финалистот на последното ЕП Италија, не смеат да се најдат во игра група и во таков случај извлечениот тим ќе биде сместен на следната слободна група.

Доколку не биде избрана од некој од домаќините на ЕвроВолеј 2026 Македонија ждрепката ќе ја чека во четвртиот шешир каде најверојатно, според ЦЕВ рангирањето друштво би ѝ правеле Летонија, Шведска и Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот