
Одбивањето да прифати руски тест го дистанцираше Макрон од Путин
Францускиот претседател Емануел Макрон го одби барањето на здравствените служби на Кремљ да направи руски тест за Ковид-19 пред средбата со рускиот лидер Владимир Путин и затоа мораше да држи дистанца за време на состанокот, изјавија за Ројтерс од прес службата на францускиот престедател
Препорачано

Двајцата претседатели во понеделникот во Москва разговарале за украинската криза, а на средбата доминираше сликата на кои двајцата престедатели а седат на спротивните краеви на огромна маса долга четири метри, пренесува Гардијан.

Некои од светските дипломати сметаа дека Путин можеби преку оваа очигледна дистанца Путин сакал да испрати дипломатска порака, но извори запознаени со здравствениот протокол на францускиот претседател изјавиле за Ројтерс дека на Макрон му бил понуден избор – или да прифати PCR тест од руските власти и да му биде дозволено да му пријде на Путин или доколку одбие да се придржуваа до строгите руски протоколи за дистанца .
„Не можевме да прифатиме дека преку тестот русите ќе ја добијат ДНК на претседателот“, изјавија од протоколот на Макрон

Кремљ не ги коментираше овие тврдења
Друг извор од опкружувањето на Макрон потврди дека претседателот на Франција одбил да направи руски ПЦР тест и изјавил дека Макрон наместо тоа направил француски ПЦР тест пред поаѓањето и антиген тест во Русија, што го направил неговиот лекар.

„Русите ни кажаа дека Путин треба да биде во строг здравствен карантин “, изјавил изворот.
„Гардијан“ потсетува дека во четвртокот, три дена по средбата на Макрон и Путин, рускиот лидер го прими казахстанскиот претседател Касим-Зјомарт Токаев, се ракуваше со него и седеа блиску еден до друг, разделени само со мала маса.