Одбележан јубилејот петнаесет години од премиерата на филмот „Превртено“

Филмот „Превртено“ на режисерот Игор Иванов – Изи на 20 октомври имаше проекција во Кинотеката по повод 15 години од неговата премиера.

Дебитантскиот долгометражен игран филм на Иванов најпрвин беше прикажан во 2007 година на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари. Македонската премиера се случи на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола во 2007 година и претставува еден од последните македонски играни филмови снимени на 35мм лента.

Филмот е работен според романот „Папокот на светот“ на Венко Андоновски (кој е и косценарист на филмот). Повторното прикажување на „Превртено“ се случи во чест на починатиот македонски актер Синиша Кајевски, кој минатата година, на 39-годишна возраст прерано го заврши животот.

Токму Кајевски ја толкува една од главните улоги во филмот, заедно со Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Марија Кондовска, Елена Серафимовиќ, Јордан Симонов, Ѓорѓи Јолевски и Инес Бојаниќ.

Продуцент е Владимир Анастасов, директор на фотографија е Томи Салковски, монтажер е Игор Андреевски, сценографијата е на Иван Бартлинг и Игор Тошевски, костимите на Бланка Будак, а музиката ја компонираше Зоран Спасовски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 151, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 22-24 октомври 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот