Од утре стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го најави повикот за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата.

Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи. Финансиската поддршка се однесува на кофиннасирање на инвестицијата до 50% од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката кај оваа мерка може да достигне и до 60% кофинасирање, кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Минималната прифатлива вредност кај мерката 3 е инвестиција до 50.000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра, по корисник“ – oбјави Николовски.

 

Министерот Николовски ги повика сите заинтересирани апликанти, навремено да се информираат за повикот, преку веб- страната на министерството и да аплицираат, искористувајќи ја можноста која преку оваа мерка од ИПАРД програмата им се става на располагање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот