фото: Слободен печат

Од утре 17.000 земјоделци може да си бараат поврат на данок

До крајот на оваа година околу 17.000 земјоделци треба да добијат поврат на персоналниот данок на доход во износ од вкупно 80 милиони денари.

Повратот се однесува за приходот од продажба на земјоделски производи кои земјоделците го оствариле во 2018 година, а повратот на парите ќе почне да се прави од утре и исплатата ќе се врши неколкукратно.

Според законската регулатива. земјоделците што во текот на една година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи кој не го надминал износот од 1.000.000 денари и кои немаат друг приход што се оданочува, имаат право на враќање на платениот данок до 20.000 денари.

– Интересот на земјоделците е врвен приоритет на Владата, па поради тоа секој наш чекор, секоја наша мерка е во насока за придобивка на земјоделците и повеќе пари кај нив. Од денеска се исполнува уште една мерка, а тоа е повратот на данок на земјоделците – рече министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Тој соопшти дека е завршена проверката на списоците со земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат и апелира тие да ги ажурираат трансакциските сметки за непречена исплата.

Директорката на УЈП, Соња Лукаревска нагласи дека заедно со МЗШВ работеле да се пронајде начин како најправилно да се оцени кој има право на поврат на данок.

– Ние ги разгледавме состојбите во нашите евиденции и подготвивме листа на физички лица кои согласно Законот немаат остварено бруто приход повеќе од 1 милион денари и немаат други примања кои што се оданочуваат, односно земјоделството им е примарна и единствена дејност – рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот