
Од следниот месец САД нема да ги финансира платите на украинските државни службеници
САД не ја финансираат Украина само со оружје туку ја сервисираат и Владата во Киев, но се очекува следниот месец американските власти да престанат да ги финансираат платите на Украинците и другите државни трошоци поради недостиг на нови парични инјекции од американскиот Конгрес, јави весникот „Волстрит џорнал“, пренесува МИА.
Препорачано
САД и другите земји спонзори всушност обезбедуваат плати за 150.000 украински државни службеници и половина милион наставници, универзитетски професори и работници во образованието, а финансираат и други државни трошоци, од здравствената заштита до субвенциите за домување.
Американскиот државен секретар во телефонски разговор ги повикал републиканските пратеници во нацрт-законот за привремено финансирање на владата да вклучат средства за помош на Украина, за да можат САД да продолжат да обезбедуваат помош за Киев.
Но, Конгресот, сепак, донесе закон што не предвидува такви средства.
Според „Волстрит џорнал“, властите во Вашингтон и Киев сега се обидуваат да сфатат како кратењата на финансиската помош ќе влијаат врз способноста на Украина да ја финансира својата влада и да ја поддржи својата економија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
22мин
-
37мин
-
49мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5