Фото: Општина Ѓорче Петров

Од септември основците од Хром ќе спортуваат во нова сала

Во завршна фаза е проектот за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Хром во рамки на подрачното ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, вели дека од септември се очекува учениците конечно да имаат нов, модерен и по сите стандарди простор за физичко образование и спортски активности – нешто што го немале никогаш досега.

Салата е целосно опремена со гардеробери, санитарии и потребна инфраструктура. Инвестицијата е вредна 19.730.000 денари со ДДВ.  Ова е реализација на едно од најголемите ветувања кон жителите на Хром – и дел од поширокиот план за подобрување на условите во образованието.  Паралелно, во ова училиште се реализира и нова инвестиција од 1.500.000 денари за нов влез со пристапна рампа, скали и патека, простор за нова трпезарија и кујна – вели Стојкоски.

Покрај ова, како што информира градоначалникот, се врши и реновирање на стариот дел од училиштето, се прошируваат ходниците и се санираат оштетените делови на покривот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот