Фото: Pxhere

Од псоријаза до недостиг на железо: Како веѓите покажуваат од кои здравствени проблеми страдате?

Огледалото може да открие здравствени проблеми. Во емисијата ИТВ Лорејн, д-р Амир Кан откри дека дури и веѓите можат да откријат многу за нашето здравје.

„Ако ги погледнете веѓите, под услов да не сте ги искубале или обоиле, ќе најдете некои знаци“, рекол докторот.

Проретчени веѓи

„Ако веѓите ви се тенки, особено на надворешниот дел, тоа може да биде знак за недоволна активност на тироидната жлезда“, предупреди д-р Кан.

Кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони, може да се појави замор, зголемување на телесната тежина, чувство на безнадежност и депресија.

Но, проретчувањето на веѓите, исто така, може да биде знак и за недостиг на хранливи материи, особено железо. Други симптоми на недостиг на железо може да вклучуваат отежнато дишење (краток здив), палпитации и бледа кожа.

Веѓи кои стрчат

Овој знак, во комбинација со лушпеста кожа, може да укаже на псоријаза.

Станува збор за автоимуна состојба која предизвикува дамки на кожата, кои формираат сребрено-бели или сиви лушпи, објаснуваат од здравствената служба.

Неусогласени веѓи

„Таканаречените неусогласени веѓи можат да бидат предупредувачки знак дека имате алопеција“, сподели лекарот. Алопеција е медицински термин за опаѓање на косата, кое може да има многу причини.

Д-р Кан предупредува да не игнорирате ниту еден од овие симптоми и да се консултирате со вашиот лекар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот