Фото: Профимедиа

Од оваа учебна година ИТ алатките влегуваат во училиштата – Презентиран „Водич за вештачка интелигенција“

Водичот содржи препораки за примена на вештачка интелигенција по предметите математика, природни науки, јазици и литература, историја и општествени науки – како и насоки за препознавање на можни злоупотреби и заштита на приватноста.

Во Министерството за образование и наука денеска беше промовиран „Водич за вештачка интелигенција“, наменет за наставници, стручни соработници и ученици. Документот на 120 страници нуди опфатен преглед на историјата, видовите и современата примена на вештачката интелигенција, како и практични насоки за користење на најпознатите алатки во образовниот процес.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека со новата учебна година вештачката интелигенција официјално станува дел од наставата, како дел од процесот на дигитална трансформација. „Тоа е логичен и нужен чекор што ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија,“ рече Јаневска.

Водичот содржи препораки за примена на вештачка интелигенција по предметите математика, природни науки, јазици и литература, историја и општествени науки – како и насоки за препознавање на можни злоупотреби и заштита на приватноста.

За наставниците и стручните соработници, документот предвидува алатки за полесно пренесување знаење и детекција на ризици, а за учениците – совети за етичко користење на ИТ технологијата во образовани цели.

Водичот ќе биде достапен во електронска форма за сите училишта, а наскоро ќе започнат и обуки за наставници преку менторска мрежа. Во моментов е отворен јавен повик за средношколски наставници, како дел од соработката со групацијата „Бреинстер“.

Деканот на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Сашо Коцески, нагласи дека водичот ќе треба постојано да се надградува поради брзиот развој на технологијата. „Едукацијата е најдобра превенција – најдобро е да се едуцираат децата, но и наставниците,“ истакна Коцески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот