Од коронавирусот починати 305 лица

Регистриран е и првиот смртен случај надвор од Кина – на Филипините, каде што почина кинески државјанин (44) од Вухан, од тешко воспаление на белите дробови.

Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 305, а регистриран е и првиот смртен случај надвор од Кина – на Филипините, каде што почина кинески државјанин (44) од Вухан, од тешко воспаление на белите дробови.

Појавата на вирусот е потврдена во повеќе од 25 земји во светот, а бројот на заразени се зголеми на 14.300, пренесува Си-Ен-Ен.

Голем број земји организираа авионски превоз за своите граѓани кои во моментов се наоѓаат во областите каде што се појави вирусот, а се воведуваат и други превентивни мерки, како што се двонеделен карантин и забрана за летови кон Кина.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг ги повика производителите да го зголемат производството на медицинска опрема потребна за контрола на вирусот и предупреди дека продавниците  не смеат да бидат затворани.

Најголем број починати и заразени има во провинцијата Хубеи и главниот град Вухан,  каде што се појави вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот