
Од Договор за добрососедство со Бугарија до вето – кој, каде згреши – анализираат Арсовски и Илиевски
– Позицијата на Република Бугарија во овој период е се освен добронамерна. Нивните позиции се такви, што Македонија во моментот не може да ги прифати, како на пример враќањето на македонските корени, јазикот од кога постоел, дали некогаш сме биле дел од еден народ кој потоа се одвоил. Дури и погрешно да ја интерпретираме историјата, тоа е наша историја, ние имаме право на наши национални митови, па и нека се грешни. Бугарската позиција е шизофрена. Бугарија според договорот за добрососедство експилицитно се обврзува дека нема да го попречува евроатланскиот пат на Македонија, а тоа токму го прави. Се соочуваме со неискреност на Бугарија која го потпиша тој договор, истакна политикологот и аналитичар Петар Арсовски во денешната дебатна емисија ,,Само Вистина” на ,,Канал 5″ телевизија.
Препорачано
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што се случи во меѓувреме со бугарската позиција кон земјава, Арсовски вели дека на Бугарија и пораснаа забите.
Негов соговорник беше Богдан Илиевски кој истакна дека Договорот за добрососедство со Бугарија има за цел да се редефинира македонскиот народ.
– Односот на денешната висока политика во Бугарија кон македонскиот идентитет не е воопшто нов. Изјавата дека Бојко Борисов преговарал за Македонија како за своја земја не е точна, туку тој преговарал за својата земја, односно за Република Бугарија. Во однос на идентитетот и на создавањето на две Македонии со Преспанскиот договор, една Македонија до 7ми век, друга после 7ми век и понатаму, влегувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија во целата приказна има за цел да се редифинира Македонија, за да се сведеме на ниво да ги влечеме сите наши спомени од АСНОМ па наваму. , истакна Богдан Илиевски во вечерашната дебатна емисија Само Вистина на Канал 5 телевизија.