Од деветмина обвинети за силување девојче во Хамбург, само еден е осуден

Фото: Архива на Слободен печат

Девет мажи биле обвинети за силување пијана 15-годишна тинејџерка за време на забава во градски парк во Хамбург во септември 2020 година, но само еден е прогласен за виновен на судењето.

По наведениот настан, од девојчето е земен брис во кој е пронајдена семената течност на деветтемина обвинети.

Сепак, судот го осуди најмладиот, 19-годишник од Иран, на две години и девет месеци затвор.

Седуммината обвинети добиле условна казна, а во рок од шест месеци судот ќе донесе одлука дали ќе остане така или ќе бидат осудени на затворска казна, а еден од напаѓачите е ослободен од сите обвиненија.

Според Билд, осуммина од мажите имаат мигрантско потекло.

Злосторството предизвика жестоки реакции во Хамбург, а судењето за ова злосторство траеше година и пол и беше затворено за јавноста.

Адвокатите на обвинетите се изјаснија за ослободување на нивните клиенти, наведувајќи дека „девојката не изгледала како да не сака секс“.

Исказот на адвокатот го потврдија 40 минувачи кои таа вечер биле во градскиот парк. За девојчето рекле дека изгледала „збунето, апатично, како кукла, неспособно и беспомошно“.

Судот пред неколку дена ја слушна девојката преку видео врска, но таа немала многу да каже бидејќи „едвај се сеќава на таа вечер“.

Според извештаите, обвинетите биле многу ладни за време на судењето, а еден дури и заспал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот