Вакцинација против сезонски грип/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Од денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип

Вакцинацијата за сезонски грип почнува денеска и ќе се спроведува на 36 локации во државата. Досега за вакцинација од сезонски грип се пријавиле над 32.000 граѓани.

Во Скопје вакцинацијата ќе се одвива во Центарот за јавно здравје, во поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит-пазар, а во ИЈЗ само за здравствените работници.

Од Министерството за здравство информираат дека сите пријавени на сајтот добиваат СМС-порака за датумот, точното време и каде да дојдат за вакцинација.

– Министерството годинава набави 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип, што е зголемување во однос на претходните години. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица – соопштија од МЗ.

Во Центрите за јавно здравје и годинава се набавени и комерцијални вакцини против грип за заинтересираните граѓани кои не влегуваат во ризичните групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот