Фото: Инстаграм

ФОТО | Од Банско и Крани до Охрид: Еве каде познатите Македонци ги поминаа деновите на големиот национален празник Илинден

Илинден, или денот посветен на Свети Илија, е еден од најголемите македонски национални и верски празници, кој секоја година се одбележува на 2 август. Празникот има длабоко значење за македонскиот народ – на овој датум во 1903 година започнало Илинденското востание против османлиската власт, а во 1944 година било одржано историското Прво заседание на АСНОМ, што го означи темелот на современата македонска државност.

Илинденската традиција денес е испреплетена со родољубиви, фолклорни и религиски симболи, што го прави овој ден особено значаен и свечен. Македонците го прославуваат Илинден низ целата земја – со посети на цркви, манастири, меморијални места, со семејни собири и концерти.

Па така и дел од познатите Македонски одлучија да го прослават овој голем ден за Македонија. Додека некои уживаа во убавините на својот град, други се забавуваа на концертите, трети пак, го искористија времето за дружба со семејството и пријателите.

Андријана Јаневска уживаше во убавините на градскиот парк во Скопје.

Фото: Инстаграм

Кристина Арнаудова уживаше во кафето и убавините на Банско.

Фото: Инстаграм

Тамара Тодевска го помина викендот со пријателите и семејството во Струга.

Фото: Инстаграм

Каролина Гочева објави моменти од концертот во родната Битола.

Фото: Инстаграм

Наташа Малинкова покрај настапот уживаше во прекрасниот Крани.

Фото: Инстаграм

Ѓоко Таневски објави фотографии на својот Инстаграм профил од родниот Охрид.

Фото: Инстаграм

Калиопи заедно со пријателите уживаше во концерната програма во Охрид.

Фото: Инстаграм

Игор Џамбазов овој пат не ја објави својата локација, но го покажа убавото друштво и отсвири песна со која го честиташе Илинден на сите Македонци.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот