Фото: Аberdeen fc

Од Абердин јасни: Никој нема да замине, а најмалку Миовски

Тимот на Абердин одбил нови понуди за македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски меѓутоа тие се јасни дека македонскиот напаѓач нема да го напушти клубот во овој преоден рок.

Миовски минатото лето пристигна во Абердин и со одличните 18 гола во својата дебитантска сезона во Шкотска го сврте вниманието на себе. Македонскиот голгетер веќе ја отвори сметката и во новата сезона со голот во минатото коло против Селтик.

Тренерот Бери Робсон потврди дека понуди за Миовски имало.

„Сезоната започна и никој нема да си замине, а најмалку Миовски. Знам дека сопствениците се одлучни да не продаваат. Бордот е со цврст став, токму затоа одбивме големи понуди за најдобрите наши фудбалери. Фудбалот не е само бизнис и правење пари, убавината е во тоа што треба да им го дадете на навивачите за да бидат среќни и да уживаат. Затоа сакаме да градиме тим, а не да инвестираме во играчи за само да заработиме“, изјави Робсон.

Во новата сезона целта на Миовски ќе биде да ги надмине тие 18 гола од минатата сезона, а секако сака и успех на тимски план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот