Обвинителите побараа максимална затворска казна за бразилскиот фудбалер Дани Алвеш

Дани Алвеш осум години го носеше дресот на Барселона од 2008 до 2016 година/ фото: EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

Обвинителите побараа максимална казна од 12 години затвор за поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Дани Алвеш (40), обвинет за сексуален напад.

Алвеш ќе се соочи со судење за наводен напад на жена во ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година. Истражниот судија во август му поднесе обвинение, а судот тогаш изјави дека има доволно докази за судењето кое се очекува следната година.

Обвинителите, исто така, побараа Алвеш да плати отштета од 150.000 еврa на жртвата и да му биде забрането да има контакт со неа во следните 10 години.

Тие исто така сакаат Алвеш да остане под надзор една деценија откако ќе ја одлежи затворската казна. Сите барања за кауција на Алвеш беа одбиени бидејќи судот сметаше дека постои ризик од негово бегство.

Алвеш освои 42 титули во текот на својата професионална кариера, вклучувајќи три во Лигата на шампионите со Барселона и две во „Копа Америка“ со Бразил.

Тој е еден од најдобрите десни бекови во историјата, а играше и за екипите на бразилската Баија, Севиља, Јувентус, ПСЖ, Сао Паоло и мексиканскиот УНАМ Пумас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот