Обвинети за примање поткуп, Фото Слободен печат Слободан Ѓуриќ
Обвинети за примање поткуп, Фото Слободен печат Слободан Ѓуриќ

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ не се чувствуваат виновни за примање поткуп за болнички прием

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание, објави МИА.

ФОТО | 20.000 евра за болнички кревет: Директорот од Геријатрија, Мухсин Арифи и болничарот Блерим Амити, обвинети дека ѝ барале мито на неподвижна пациентка

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.

Обвинителката Искра Хаџи Василева, во воведните зборови пред судот нагласи дека случајот е пример за длабоко вкоренета корупција во општеството.

ВИДЕО | Директорот на Геријатрија бил приведен во дворот, додека посредникот ги земал 20-те илјади евра мито во автомобил

-Пропорциите и интензитетот на корупцијата се толку многу длабоки што нè потсетуваат дека ја засегаат секоја сфера од нашето живеење – рече таа, додавајќи дека станува збор за директно, грубо барање мито од страна на директорот – износ кој бил предмет на преговори, а на крајот бил прифатен како минимален за да се изврши службено дејствие што инаку морало да се изврши без надомест.

ФОТО | 20.000 евра за болнички кревет: Директорот од Геријатрија, Мухсин Арифи и болничарот Блерим Амити, обвинети дека ѝ барале мито на неподвижна пациентка

Хаџи Василева посочи дека обвинетите дејствувале од лукративни причини, со цел лично богатење, искористувајќи ја ранливоста на пациентката и нејзината потреба за итна медицинска грижа. Таа истакна дека сведокот, кој е давател на доживотна издршка на пациентката, го пријавил случајот, а доказите кои ќе бидат презентирани пред судот јасно ги документираат коруптивните дејствија низ неколку сукцесивни настани.

Одбраната на обвинетите најави дека во текот на кривичната постапка ќе презентира докази во вид на статут, процедури и законски одредби кои произлегуваат од институцијата што ја застапувал обвинетиот Мухсин Арифи. Преку нив, како што посочија, ќе бидат отворени неколку правни прашања со цел да се докаже дека Арифи, како и Амити, не можеле, односно немале намера да извршат какво било кривично дело.

Мухсин Арифи и негувателот-соработник од Геријатрија одат 30 дена во притвор

-Доказите кои ќе бидат изнесени и презентирани во понатамошниот тек од постапката, убедени сме дека ќе упатат на недоразбирање што настанало во овој т.н. кривично правен настан – соопшти одбраната.

Судскиот процес го водат судиите Ленка Давиткова и Илија Трпков.

Судењето продолжува на 16 септември, во 13 часот.

Скандал Геријатрија: За Мухсин Арифи и негувателот што барале 100 илјади евра мито од пациентка, се бара продолжување на притворот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот