ОБСЕ: Нацрт-уставот на Рeпублика Српска директно го нарушува уставниот поредок на Босна и Херцеговина

Мисијата на ОБСЕ излезе со соопштение во врска со последните потези на лидерот на босанските Срби, ентитетот на Република Српска и предложениот нов устав на РС.

„Нацрт-уставот на Република Српска директно го нарушува уставниот поредок на Босна и Херцеговина и претставува опасен обид за поткопување на правната рамка на државата, слабеење на институционалниот интегритет и продлабочување на политичките поделби. Сите избрани функционери и членови на кој било парламент, вклучително и пратениците на Народното собрание на Република Српска, имаат одговорност да ги препознаат, спречат и избегнуваат процесите што претставуваат закана за демократијата, уставниот поредок и стабилноста на земјата“, нагласуваат од ОБСЕ.

Националното собрание на РС вчера донесе одлука, без гласовите на опозицијата, да започне процес на донесување на нов устав на РС, кој, како што оценуваат меѓународната заедница и ОБСЕ, содржи скандалозни антиуставни одредби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот