Oбрадовиќ жестоко казнет за повлекувањето на кошаркарите на Партизан во финалето против Звезда

epa11234833 Partizan's head coach Zeljko Obradovic gestures during the Euroleague basketball match between Partizan Belgrade and Real Madrid in Belgrade, Serbia, 21 March 2024. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарскиот тим на Партизан и официјално го загуби на „зелена маса“ вториот натпревар од финалната серија во Суперлигата на Србија. Црвена Звезда така дојде до 2:0 и го освои трофејот.

Од Кошаркарскиот сојуз на Србија денеска ги соопштија и казните за надлежните во Партизан. Најголема казна доби Жељко Обрадовиќ кој е суспендиран на четири натпревари.

Казната за Обрадовиќ значи дека ако следната сезона Партизан биде дел од Суперлигата тој нема да го води тимот во полуфиналето и една или две средби во финалето.

Ситуацијата е ваква затоа што Партизан и Црвена Звезда поради обврските во АБА и Евролигата имаа сигурно учество во полуфиналните серии. Иста санкција како Обрадовиќ заработи и тим-менаџерот Лука Виликиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот