Фото: Инстаграм/ pubity

Обожавателите одлучија кој е најдобриот холивудски режисер на сите времиња

Познатиот Инстаграм профил „Пјубити“ (Pubity), кој има над 35 милиони следбеници, минатиот викенд одржа гласање за најдобар холивудски режисер на сите времиња. На крајот победата му припадна на Кристофер Нолан, кој во финалето се бореше против Стивен Спилберг.

Нолан на патот ги победи Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино, додека Спилберг беше подобар од Џејмс Камерон и Мартин Скорсезе. Во изборот се најдоа и Стенли Кјубрик и Ридли Скот.

Фото: Инстаграм/ pubity

Иако финалето беше тесно и тензично до самиот крај, на крајот Нолан оствари голема победа. Дури 58 отсто од гласачите го оставиле својот глас за режисерот на „Опенхајмер“, додека 42 отсто од нив предност му дале на режисерот на „Паркот Јура“.

Тоа е второ вакво признание за Нолан за неколку месеци. Во септември, фановите изгласаа дека тој е најдобриот режисер кој дебитирал пред 25 години и снимил најмалку три филма од 1998 година. Потоа со речиси ист резултат во финалето победи против Денис Вилнев.

Фото: Инстаграм/ pubity
Фото: Инстаграм/ pubity

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот