Фото: Принтскрин / Инстаграм

Обожавателите ја критикуваа Марија Шерифовиќ дека му наштетува на синот, таа брутално им одговори: Немам нерви за ова…

Српската пејачка Марија Шерифовиќ кон крајот на декември стана мајка на малиот Марио ко го доби со помош на сурогат мајка. Оттогаш Марија ужива во мајчинството и со задоволство споделува моменти со својот син на социјалните мрежи.

Таа неодамна објави како го заспива Марио со музика и пеење, додека тој е во носилка-кенгур.

„Мојот прв танц“, напиша Марија покрај видеото и додаде емоџи со сино срце.

Но, поради таа носилка, нејзините обожаватели почнаа да ја критикуваат пејачката дека му наштетува на бебето.

„Кога ќе ја видам таа кенгур-носилка… Ниту за колковите, ниту за нозете на бебето (ги искривува нозете на детето). Ужас, треба да се забранат“; „Знам дека не ме прашале за совет, но од искуство би сакалa да пренесам дека носилката не е адекватнa за новороденче, положбата на главата и рацете не е добра“; „ Најди си другa носилка заради колковите, мила, биди среќна и секогаш пеј му“, беа дел од коментарите.

Некои сметаа дека пејачката погрешила и во јачината на музиката.

„Прекрасно, само намали ја малку музиката, Маро. Тоа е многу гласно за бебе“, напиша еден следбеник.

После низа коментари во кои доби критики, Марија одговори со опширен коментар.

„Па луѓе, навистина сте неверојатни. Ќе ви објаснам затоа што моментално имам нерви“, напиша таа на почетокот, а потоа објасни дека носачот е наменет за бебиња од 0 до 12 месеци меѓу 3 и 11 килограми и дека бебињата мора да бидат најмалку 53 см.

„Секако, благодарам за советот, единственото нешто што би сакала да ве научам е како да пишувате навистина добронамерни совети, но во моментов немам нерви за тоа. Што се однесува до музиката, син ми од раѓање го учам што е убава музика и само со неа спие правилно. Не грижете се, ги мериме и децибелите“, објасни Марија, а потоа заклучи со порака дека следбениците треба да „се грижат за себе“, а на останатите им испрати љубов.

Во продолжение погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот