Обновени детското и спортските игралишта во Пролет

Фото: Општина Центар

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба Пролет, каде старите и дотраени детски реквизити се заменија со нови. Децата добија нови голчиња, кош, ограда и подлога, а кај детското поставени се нови лулашки, клацкалки, лизгалка, голема дрвена конструкција куќарка, а поставена е и нова клупа за следење на детската игра.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека во тек е реконструкција на повеќе детски игралишта.

Периодов работиме на реконструкција на старите и дотраени реквизити на детските и спортски игралишта. Нашата цел е да бидат подготвени и спремни да ги дочекаат децата во убавите сончеви денови. Физичкиот развој кај младите е исклучително важен во периодот на растење и развивање, затоа нашата цел е децата да добијат што повеќе нови реквизити со цел да ја негуваме детската игра, физичкиот развој на децата како клучен фактор во целокупното здравје, вели Герасимовски.

Општина Центар досега реконструираше неколку детски игралишта во Градски ѕид кај „Коктел бар“, близу Зелениот пазар, на Водно на улицата Славејко Арсов, малото фудбалско игралиште кај Кам маркет во Дебар Маало, од старото и дотраено направи комплетно ново и инклузивно игралиште близу ТЦ „Зебра“, а реконструирани се и детските и спортските игралишта во Капиштец, двете спортски игралишта во дворот на ООУ „Ј.Х. Песталоци“, детското игралиште близу Градската болница и кошаркарското, фудбалското и детското во населба Пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот