Фото: mia.mk

Обновен возен парк по 17 години: Штипски „Исар” доби нови шест возила за собирање отпад

Штипското комунално претпријатие „Исар” по 17 години го обнови возниот парк со камиони за собирање отпад. Преку проектот за изградбата на регионална депонија, финансиран од фондовите на Европската Унија (ЕУ), за ова претпријатие се обезбедени шест возила со различен волумен.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов и директорот на ЈП „Исар”, Живко Тасев денеска ги промовираа новите возила кои, според Николов, чинат околу 530.000 евра, средства што се обезбедени преку ИПА 2 програмата.

Имаме добиено две возила со четири м3, едно возило со 10 м3, едно со 16 м3 и
едно со 22 м3. Дополнително има и возило со платформа и кран за подигање на контејнери за смет, вели Николов.

Новите возила значително ќе придонесат во заштеда на резервни делови, на гориво и на масло, а ќе се анулира и бучавата и аерозагадувањето од старите камиони. Директорот на ЈП „Исар”, Тасев вели дека заштедените средства ќе бидат инвестирани за набавка на специјално возило за одзатнување на канализација, цистерна и лесни товарни возила.

– Од една страна ќе се намалат трошоците, а од друга ќе бидеме поефикасни во извршувањето на секојдневните задачи како во однос на комуналната хигиена, така и во однос на другите сектори, вели Тасев.

Штипскиот градоначалник Николов истакна дека чистата и здрава животна средина е приоритет, а во текот на наредниот период значајна ќе биде и селекцијата на отпадот. Тој истакна дека како општина веќе имаат обезбедено и дополнително нови контејнери.

– Обезбедивме 30 контејнери за селекција на стаклен отпад и 30 контејнери распределени на различни локации во општината за собирање пластичен отпаддодаде Николов.

Посочи дека во моментот се работи на затварање на депонијата „Трештена скала“, каде што се депонира сметот од домаќинствата и фирмите во општина Штип, а во меѓувреме се очекува да се реши и проблемот со старата депонија, каде што се исфрла градежен шут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот